Легенда на Партизан кариерата неочекувано ја продолжи во Иран (ВИДЕО)

Поранешниот тренер на Партизан и играчка легенда на клубот, Саво Милошевиќ, неочекувано е именуван за нов шеф на стручниот штаб на иранскиот прволигаш Насажи Мазандаран.

Тој ја напушти црно-белата клупа во текот на оваа сезона, а сега ќе се обиде да го задржи Насажи во елитното иранско првенство, бидејќи тимот во моментов се наоѓа на 15-то место од вкупно 16 екипи. Милошевиќ потпишал договор на 18 месеци, но финансиските и другите детали од соработката не се објавени. По пристигнувањето во Иран, тој бил пречекан со специјална церемонија на аеродромот.

Клубот најави дека Милошевиќ ќе биде претставен на попладневниот тренинг на Радничкиот стадион. Србинот во тренерската кариера покрај Партизан ги водеше и репрезентацијата на БиХ, како и Олимпија Љубљана. Меѓутоа, најголема слава стекна како фудбалер, настапувајќи за клубови како Партизан, Астон Вила, Реал Сарагоса, Парма, Еспањол, Селта Виго, Осасуна, Рубин Казањ, како и за репрезентацијата на Србија.