Барди останува во Турција - ќе го спасува Бодрум од испаѓање?

Иако имаше понуди од Шпанија, капитенот на македонската репрезентација Енис Барди по се изгледа ќе остане во турското првенство до крајот на оваа сезона.

Тамошните медиуми тврдат дека тој е пред договор со Бодрум, екипа што се бори за опстанок во турскиот шампионат и во моментов се наоѓа во зоната за испаѓање. Наводно, двете страни постигнале устен договор, но во следните денови тоа треба да се официјализира.

Тренер на Бодрум е долгогодишниот голман на Фенербахче и турската репрезентација Волкан Демирел, а клубот иако постои 94 години, сезонава првпат игра во елитната конкуренција.