Мега-пресврт на ПСЖ, Манчестер Сити пред елиминација од ЛШ (ВИДЕО)
„Светците“ славеа на „Паркот на принцовите“ со 4-2 и покрај тоа што по 53 минути на семафорот стоеше 2-0 за гостинскиот тим. По тивкото прво полувреме кое помина без многу шанси и без голови, во период од само 11 минути беа постигнати дури четири гола.
Сити дојде до предност од 2-0 со головите на Грилиш и Халанд кои погодија во 50. и 53. минута, а потоа, во 56. и 61. минута Дембеле и Баркола се погрижија за израмнување. Пресвртот го комплетира Невес во 78. минута, а Рамос во судиското продолжение стави точка на мечот.
По овој меч, ПСЖ е во нешто подобра ситуација во однос на Манчестер Сити, пред последното коло од Лигата на шампионите кое е на програмата идната недела. Со десет бода, францускиот првак се израмни со Бенфика, Спортинг и Штутгарт, а во последното коло се среќава токму со Штутгарт во директниот дуел за пласман во плејофот. Сити остана со само осум бода, на 25. позиција и во последното коло го пречекува Бриж. Со евентуален триумф веројатно ќе се избори за место меѓу најдобрите 24, но мора да се знае дека во моментов е во серија од четири натпревари без победа во Лигата на шампионите.
РЕЗУЛТАТИ
Лајпциг - Спортинг 2-1
Шахтјор - Брест 2-0
Милан - Жирона 1-0
Арсенал - Динамо 3-0
Селтик - Јанг Бојс 1-0
Феенорд - Баерн 3-0
ПСЖ - Манчестер Сити 4-2
Реал - Салцбург 5-1
Спарта - Интер 0-1