Невиден малер: На фудбалер на Селтик поништени три гола во едно полувреме

Напаѓачот на Селтик, Кјого Фурухаши веројатно ќе влезе во аналите на Лигата на шампионите бидејќи веројатно досега не е виден случај како неговиот.

На мечот против Јанг Бојс, на Јапонецот му беа поништени три гола во едно полувреме, сите поради офсајд. Првиот беше поништен во седмата, вториот во 32., а третиот во 34. минута од натпреварот.

Да биде несреќата за Селтик поголема, во 41. минута, Енгелс промаши и удар од белата точка, па првото полувреме заврши со резултат 0-0.