Синер експресно го среди Де Минор за пласман во полуфиналето на Австралија опен

Јаник Синер ја оправда улогата на фаворит и без никакви проблеми во три сета го победи домашниот тенисер Алекс Де Минор за пласман во полуфиналето каде што ќе игра против Бен Шелтон.

Синер кој како прв на АТП листата е и прв носител на Австралија опен, за помалку од два часа го победи Де Минор.

Италијанскиот тенисер го доби првиот сет со 6-3, во вториот беше подобар со 6-2, а во третиот со 6-1 за победа од 3-0 во сетови.

Во полуфиналето Синер ќе игра против Шелтон кој претходно со 3-1 (6-4, 7-5, 4-6, 7-6) го совлада Сонего.