Јунајтед нема пари за Керкез и Мендеш, па затоа ќе купи бек од Лече

Манчестер јунајтед има катастрофална сезона, доколку судиме по 22 одиграни кола, но тренерот Рубен Аморим сака да ги сврти работите во своја корист до крајот на сезоната.

Аморим побара засилувања од управата на премиерлигашот, односно сака освежување во одбраната и имаше три решенија, но очигледно само едно е реално.

„Ѓаволите“ немаат пари за Милош Керкез и Нуно Мендеш, па поради тоа почнале преговори со Лече за талентираниот бек Патрик Доргу.