Милан го сака петтиот најскап фудбалер во историјата

Поранешниот италијански шампион Милан покажа голем интерес за Жоао Феликс од Челси, кој не е во прв план кај тренерот Енцо Мареска, меѓутоа премиерлигашот засега не планира да го продаде Португалецот.

Милан испратил понуда за позајмица до крајот на сезоната, но Челси ја одбил таа опција, по што „росонерите“ подготвуваат нов предлог за позајмица на 18 месеци плус откупна клаузула од 35 милиони евра.

Лондонскиот гигант го купи Феликс минатото лето за 52 милиони евра и потпиша договор до 2030 година, но засега не е во прв план кај Мареска, иако на 19 настапи постигна седум гола и асистираше два пати.

Феликс е петтиот најскап фудбалер во историјата, поради неговиот трансфер од 127 милиони евра од Бенфика во Атлетико Мадрид во 2019 година, додека пред него на листата се Осман Дембеле, Филипе Кутињо, Килијан Мбапе и Нејмар.