Лапорта збесна: Ова е скандал, не ни досудија чист пенал! (ВИДЕО)

Барселона одигра нерешено против Хетафе и освои само еден бод, а претседателот на каталонскиот гигант Жоан Лапорта ги загуби нервите по тоа што се случуваше на теренот.

Лапорта смета дека судијата не покажал на белата точка, иако бил направен прекршок врз Жил Кунде во казнениот простор на Хетафе.

„Судијата на мечот против Хетафе беше ужасен. Не досуди чист пенал врз Кунде. Ова е скандал, голем скандал“, кажа Лапорта.