Де Минор го растури Микелсен и закажа дуел против Синер

Австралискиот тенисер Алекс Де Минор славеше со 3-0 во сетови, односно 6-0, 7-6 и 6-3 против Алекс Микелсен во осминафиналето на Австралијан опен.

Де Минор немаше поголеми проблеми на теренот против американскиот ривал, па за само два часа и 10 минути го реши натпреварот во своја корист.

Талентираниот тенисер од Австралија во четвртфинале во Мелбурн ќе игра против Италијанецот Јаник Синер, кој претходно беше подобар од Холгер Руне со 3-1 во сетови.