Детенцето кое му побегна на обезбедувањето и дојде до Мбапе е од Гостивар

Реал Мадрид викендов со победата над Лас Палмас и поради киксот на Атлетико Мадрид против Леганес го презема врвот во Ла Лига, а во натпреварот во кој славеа со 4-1 внимание привлече и една сцена во која во главна улога беше десетгодишно детенце.

Имено, момчето успеа да побегне од обезбедувањето и да дојде до Килијан Мбапе од кој на крајот и го доби неговиот дрес.

За нас е интересна и веста што пристигна по натпреварот. Имено, детенцето се вика Реис Фејзи и е од Македонија, поточно од Гостивар.

Дресот од Мбапе сигурно за него ќе биде важен спомен бидејќи Французинот е неговиот фудбалски идол.