Навивачи сакаа да го „потплатат“ Тејлор, извадија - картички и паричници (ВИДЕО)

Нотингем Форест триумфираше со 3-2 против Саутемптон, но во 66. минута се случи необична сцена кога судијата Ентони Тејлор тргна да ја прегледа ВАР-снимката.

Никола Миленковиќ постигна гол по еден центар-шут, но англискиот судија реши да ја прегледа ситуацијата, додека зад ВАР-мониторот се наоѓаа навивачите на Нотингем.

Кога застана пред мониторот, дел од навивачите решија да ги извадат паричниците и кредитните картички за да го „потплатат“ Тејлор, а сцената стана хит на социјалните мрежи.