„Вечниот“ Флорентино Перез и во деветтата деценија од животот ќе биде претседател на Реал
Со оглед на тоа што во моментов има 77 години, ова значи дека Перез ќе биде прв човек на спортското друштво до почетокот на деветтата деценија од неговиот живот, а мандатот ќе му важи до 2029 година. Процесот на избор на нов претседател на Реал беше почнат на 7 јануари, а со оглед на тоа што немаше друга кандидатура, јасно беше дека Перез ќе остане уште четири години.
Ако го доврши овој мандат, тој ќе комплетира вкупно 26 години на претседателската функција. На неа првпат дојде во 2000 година и остана до 2006 кога поднесе оставка за да се врати во 2009 година и да остане досега.
Поради неговата долговечност на позицијата, нема сомнение дека тој е најуспешен претседател во историјата на Реал Мадрид бидејќи под негово водство, фудбалскиот тим освои вкупно 37 трофеи од кои 7 во Ла Лига и 7 во Лигата на шампионите, а кошаркарската секција дојде до 28 трофеи од кои три во Евролигата и осум во шпанското првенство.