Синер со „финта“ го извади Руне од ритам и стигна до четвртфиналето

Бранителот на титулата на Австралија Опен, Јаник Синер обезбеди пласман во четвртфиналето од Гренд слемот во Мелбурн откако во четири сета го совлада Холгер Руне (6-3, 3-6, 6-3, 6-2).

Тоа беше најтежок меч за Италијанецот во досегашниот дел од турнирот, а му требаа нешто повеќе од четири сета за да дојде до победата. Клучен се покажа медицинскиот тајмаут кон средината на третиот сет кога Синер беше во мала криза, Руне во налет, а резултатот беше 1-1 во сетови. Паузата го извади Данецот од ритам, па Синер со долга серија стави крај на мечот.

Во четвртиот сет имаше уште еден прекин, но овојпат од технички причини. При сервис, Синер ја погоди мрежата закачена на мрежата, шрафот кој ја држи се скрши и персоналот мораше да интервенира.

Во четвртфиналето, Синер ќе игра со подобриот од дуелот меѓу Микелсен и Де Минор кој почнува по 9 часот.