Барса го договори Рашфорд, проблеми прави - Ансу Фати

Каталонските медиуми денеска објавуваат дека Барселона има договор за позајмица на репрезентативецот на Англија, Маркус Рашфорд, но тој не може да се реализира.

Проблеми прави Ансу Фати кој и покрај тоа што не е во плановите на Ханси Флик, не сака да си замине од клубот и да оди на позајмица. „Десетката“ на Барселона на последните четири натпревари воопшто не беше во комбинација за настап, но и покрај тоа се надева дека може да ја сврти ситуацијата во своја корист и може да се избори за место во екипата.

Слична е ситуацијата со Рашфорд кој влезе во конфликт со Рубен Аморим веднаш по доаѓањето на Португалецот, но тој барем е свесен дека за него нема место во екипата и бара клуб каде може да ја продолжи кариерата.