Алексовска и Трајковски ќе ги бранат боите на Македонија на ЕП во ММА
Алексовска е натпреварувачка во категорија Strawweight (52,2 кг). Таа е вицешампионка на ЕП во ММА за 2024 година и бронзен медалист на Светското првенство (СП) во ММА во 2024 година во Ташкент, Узбекистан.
Македонската претставничка е во група со четири противнички, и тоа две од Украина, една од Франција и една од Израел, а нејзината прва борба е закажана за 21 февруари.
Трајковски ќе настапи за вторпат на ЕП во категоријата Middleweight (83,9 кг), а ќе биде во група со 13 противници од девет земји меѓу кои се Романија, Украина, Бугарија, Ирска, Израел, Германија, Србија, Естонија и Италија, а првата борба е закажана за 17 февруари.