Вокер патува во Милано да ја комплетира позајмицата во Милан

Кајл Вокер и дефинитивно до крајот на сезоната ќе настапува во Милан, двата клуба си подадоа рака, се финишираат последните детали од договорот.

Милан веќе почна да го планира пристигнувањето на Вокер, медицинските тестови и останатите формални чекори. Тој во Милано треба да се појави утре или во среда.

Фудбалерот ги договори сите детали со Милан, а Манчестер Сити и росонерите ги прецизираат последните работи иако трансферот е начелно договорот.

Во текот на оваа недела Вокер ќе стане фудбалер на Милан.