„Колисеум“ останува баук: Шеста година по ред Барса не може да го победи Гетафе на негов терен (ВИДЕО)

Барселона уште во јуни почнува да ги губи шансите за шансите за шампионската титула и покрај блескавиот старт, а и освоениот трофеј во Суперкупот минатата недела.

Вечерва каталонскиот тим ја продолжи агонијата на гостувањата кај Гетафе и одигра 1-1 со што и шеста година по ред не успеа да дојде до триумф против овој мадридски тим на негов терен. Последен пат Барса славеше на „Колисеум“ во 2019 година, на претходните четири меча немаше постигнато гол, а вечерва иако поведе, мораше да се задоволи само со еден бод.

Своја вечер повторно немаше Роберт Левандовски кој промаши еден куп шанси, па единствениот гол го постигна Жил Кунде уште во 10. минута. Гетафе израмни преку Арамбари во 34. и тој резултат остана до крајот на натпреварот и покрај тоа што Барселона имаше 78% посед на топка и упати дури 21 шут кон противничкиот гол.

Овој резултат, заедно со поразот на Атлетико од Леганес, одат во прилог на Реал кој со победа против Лас Палмас утре ќе го преземе врвот на табелата во Ла Лига и ќе ѝ избега на Барселона огромни седум бода, на 18 кола пред крајот на првенството.