„Јувентус се гради на победи како оваа против Милан“

Навивачите на Јувентус немаа многу причини за радост сезонава бидејќи нивниот омилен тим е далеку од борбата за титулата во Серија А, а неодамна испадна од Милан во полуфиналето од Суперкупот на Италија.

Одмаздата за тој пораз стигна денеска кога „бјанконерите“ славеа против истиот ривал на домашен терен со 2-0, а тој триумф добро му дојде на тренерот Тијаго Мота за кревање на мотивот кај фудбалерите.

„Секојдневно работиме за да победиме, секој момент го користиме за да влеземе во форма и да играме како денеска. На вакви победи се гради екипата, но потребно е многу време за да се постигне ова. Благодарен сум на момците за прикажаната игра и се надевам дека и на следните натпревари вака ќе се однесуваат“, изјави Мота.

Јувентус сега е на четвртото место на табелата со 37 бода, но и со меч повеќе од петтопласираниот Лацио.