Бразилецот Вилијан се враќа во Премиер лигата?

Поранешниот фудбалер на Челси, Арсенал и Фулам, Вилијан би можел повторно да биде дел од Премиер лигата.

Според информациите на новинарот Пол Џојс агентите на Вилијан разговарале со Дејвид Мојс кој неодамна се врати на клупата на Евертон.

Мојс е во потрага по засилувања во зимскиот преоден рок за да обезбеди опстанок во Премиер лигата и Вилијан бил една од опциите.

Бразилецот е слободен од овој јануари откако ја раскина соработката со грчки Олимпијакос и е во потрага по нов ангажман.

Сепак, Вилијан има 36 години и е далеку од неговата најдобра форма, па прашање е дали Мојс има намера да му даде нова шанса на Островот.