Проблеми за Денвер: Јокиќ се повреди и го чека пауза

Најдобриот српски кошаркар Никола Јокиќ го пропушти мечот против Хјустон рокетс поради повреда на лактот, со која се здоби на загревањето пред самиот натпревар.

Тренерот Мајк Мелоун ја потврди повредата на Србинот и покажа загриженост за тоа кога Јокиќ повторно ќе се врати на паркетот.

Засега нема информации колку време ќе паузира Јокиќ, но дефинитивно Денвер ќе има проблеми без него на теренот.

Денвер има 24 победи и 16 порази по 40 одиграни натпревари во Западната конференција на НБА-лигата.