Унгарскиот селектор: Ние освоивме бод, Македонија го загуби!

Унгарската репрезентација се спаси од пораз против Македонија (27-27) на стартот на Светското првенство (СП), а селекторот Чема Родригез беше среќен што на крајот успеале да освојат бод.

Родригез имаше само пофални зборови за македонските ракометари и призна дека се спасиле од болен пораз.

„Беше како што очекував, знаеме дека Македонија е тежок противник. Имаат долги напади, тешко е да се бранат. Голманот им е многу добар, тоа е тешко за нас. Играа извонредно, знаеме дека ќе биде тешко, плус така е секогаш на првиот меч. Ние добивме бод, а Македонија го загуби. Кај нив беше топката, беа во напад. Играа толку добро, ни правеа тешкотии. Имаа напад во последните секунди, ние сме имале вакви ситуации и се спасивме...“, кажа Родригез.