Александер Арнолд ќе потпише за Реал, прашање е само дали во јануари или јули
Трент Александер Арнолд ги одработува последните месеци од договорот со Ливерпул, преговорите за продолжување на соработката тапкаат во место, па подолго време се говори дека десниот бек може да заврши во Реал Мадрид.
Како што пренесува новинарот Жозеп Педрерол, „кралевите“ постигнале договор со Арнолд и се убедени дека Англичанецот ќе го облече белиот дрес, прашање е само дали во јануари или јули месец.
Флорентино Перез е подготвен да плати помеѓу 25 и 30 милиони евра за уште во зимскиот преоден рок да го ангажира Трент Александер Арнолд.
Ливерпул пак не сака да слушне за разделба со десниот бек за сума помала од 35-40 милиони евра.