Клоп: Ако на Сити му ги одземат титулите - честам пиво!
Додека Клоп беше тренер, Ливерпул двапати заврши зад Манчестер Сити во Премиерлигата, па доколку тимот на Пеп Гвардиола ги загуби титулите, црвените од Енфилд ќе добијат две титули шампион на Англија.
Германскиот стратег беше прашан како ќе реагира при едно такво сценарио.
„Разговаравме за ова и кога заминав. Видете, не сум поминал многу време во Мајорка, па ако им бидат одземени титули, кој сака нека дојде кај мене во Мајорка, јас честам пиво! Ќе имаме мала парада кај мене во двор. Ох Господе… каков само наслов ви дадов. Ајде ќе видиме што ќе се случи“, вели Германецот.