Пресврт во Барселона: Араухо не само што не си оди, туку ќе потпише нов договор
Денеска ситуацијата е дијаметрално спротивна откако Мундо депортиво објави дека Барселона и Араухо конечно нашле заеднички јазик и ќе ја продолжат соработката. Според весникот, уругвајскиот репрезентативец не само што нема да си замине од Барселона, туку ќе го продолжи актуелниот договор кој беше со важност до 2026 година.
Јувентус беше подготвен за неговиот трансфер да плати 50 милиони евра, но ќе мора да бара ново решение во одбраната.