Барди го раскинал договорот со Трабзонспор!?

Турските медиуми објавија дека македонскиот репрезентативец Енис Барди е слободен фудбалер, откако го раскинал договорот со гигантот Трабзонспор.

Според информациите на „Спортс Дигитал“, Барди го прекинал договорот со Трабзонспор, а за неговите услуги се заинтересирани две шпански и две турски екипи.

Барди се наоѓа на листата со желби на Еспањол, Рајо Валјекано, Башакшехир и Ејупспор, кои во следниот период ќе испратат понуда до македонскиот репрзентативец.

Искусниот фудбалер оваа сезона настапи на 13 меча за Трабзонспор, а притоа запиша една асистенција.