Партизан со брутална игра го понижи Асвел

Кошаркарите на Партизан одиграа неверојатен натпревар на гостувањето кај Асвел и триумфираа со 93-62 во 21. коло од Евролигата.

Партизан уште во првата четвртина ја најави победата, откако поведе со 31-20, а предноста од 11 поени ја зачува до полувремето (45-34).

Српската екипа продолжи да доминира во текот на вториот дел, па до крајот на мечот со брутална игра го понижи Асвел (93-62).

Џонс со 22 поени, три скокови и две асистенции беше најефикасен кај Партизан, додека Лундберг додаде 18 поени.