Македонски репрезентативец на радарот на еден од најсилните српски клубови

Фудбалерот на руски Акрон и репрезентативец на Македонија, Бојан Димоски би можел зимава да го смени клубот бидејќи за него постои интерес од прволигашот од Србија.

Екипата од Бачка Топола има проблеми на левата бековска позиција, а Димоски е една од опциите за нејзино попилнување. Од пред две години, тој е член на Акрон со кого има договор до 2027, но нема да биде изненадување ако одлучи да ја продолжи кариерата во Србија. ТСЦ минатата сезона ја заврши на третото место во српското првенство, а есенва обезбеди пласман во плејофот од Конференциската лига и кон средината на февруари ќе се сретне со Јагиелонија на Дарко Чурлинов.

Димоски е стандарден македонски репрезентативец последните години, веќе забележа 18 настапи и имаше придонес во пласманот на нашиот национален тим во Б-дивизијата од Лигата на нации.