Брутален нокаут со еден удар на УФЦ 101 – несреќникот не можеше да стане (ВИДЕО)

Сесар Алмеида ја одбележа вечерта на УФЦ 101 спектаклот, одржан во „Апекс центарот“ во Лас Вегас, со импресивен нокаут над својот противник Абдул Разака Алхасан.

Алхасан доминираше во борбата и беше на чекор од победата, но една грешка скапо го чинеше. Алмеида, свесен дека само нокаут може да му донесе триумф, реши да оди на сè или ништо – и успеа. Тој со брутално лево кроше го погоди противникот директно во главата, по што несреќникот падна на земја како свеќа. Во еден момент, тој дури и ја загуби свеста.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Combat Buzz (@combatbuzz)

Алхасан и покрај обидите да го подигнат за официјалното прогласување на победникот немаше сили да стане, додека Алмеида славеше една од најспектакуларните победи во својата кариера.