Работнички го распарчи Шкупи за одличен старт на годината
Екипата од Центар играше одлично во првото полувреме кое го доби со убедливи 53-29, по што предноста на Работнички продолжи да расте и во вториот дел, а достигна +48 (94-46). Шкупи до крајот успеа да ја намали негативата на 35 поени (68-103).
Најефикасен во победничкиот тим беше Ѓуроски со 22 поени, додека на спротивната страна Арнолд и Златевски запишаа по 18 поени.