Ѓоковиќ бегаше од невремето во Мелбурн - едвај најде сигурно место за тренинг (ВИДЕО)
Поради временските услови, многу тренинзи беа откажани, вклучувајќи го и тренингот на српскиот тенисер. Наместо на отворено, Ѓоковиќ се подготвуваше во затворена сала во комплексот на турнирот. Тој во првото коло од овој гренслем ќе игра против Нињеш Басавареди од САД. Мечот е закажан за вечерен термин по локално време, а ќе започне во понеделник по средноевропско, но не порано од 9.00 часот.
Ѓоковиќ во Мелбурн ја брка 25. титула на најголемите турнири во светот со што само би се зацврстил на врвот од вечната листа на најуспешни.