Суперкомпјутер ги откри најголемите фаворити на Австралијан опен

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ оваа година сака да освои уште еден трофеј на Австралијан опен и да ја дополни колекцијата од гренслем-пехари, но ќе има пеколна задача за да го оствари тој успех.

Суперкомпјутерот ги пресмета шансите на тенисерите во Мелбурн, па главен кандидат за трофејот е Јаник Синер и има 22,99 отсто шанси да биде шампион. По него следи Александер Зверев со 7,17 отсто, додека на третото место е Карлос Алкараз со 5,33 отсто шанси.

Во продолжение на листата следат Фриц, Медведев, а Ѓоковиќ е дури на шестата позиција и има само 3,8 проценти шанса да го освои пехарот.