Кошаркар ја шверцувал девојката во карантин – ја спакувал во куфер (ФОТО)
Тој настапува за тимот Гуангжу Лунг Лајонс и овој невообичаен потег пред натпреварот со Кингдао. Својата девојка ја „спакува“ во куферот помеѓу облека и обувки, но неговата тајна брзо беше откриена, а фотографиите од девојката завршија на социјалните мрежи. Младиот кошаркар се бранеше дека ја донел девојката за да ѝ помогне со домашните задачи, тврдејќи дека ноќта ја поминале учејќи. Наводно, девојката објавила видеа од хотелската соба на кинеската верзија на Твитер, но подоцна ги избришала.
Скандалот не остана незабележан, а клубот остро реагираше. Жанг беше суспендиран и привремено исклучен од сите активности на тимот.
„Нашиот кошаркар Жанг Синглијанг предизвика внимание кај јавноста и медиумите со своето несоодветно однесување. Одлучивме да го суспендираме поради кршење на клупските правила“, соопштија од Гуангжу Лунг Лајонс.
Случајот предизвика бројни реакции на социјалните мрежи, додека Жанг сега се соочува со последиците од својата непромислена постапка.