Френки де Јонг може да не се врати од Саудиска Арабија со експедицијата на Барселона
Станува збор за Френки де Јонг кој одамна е непосакуван во Барса поради неговата превисока плата, а слаби изданија и повреди и клубот се обидува на секој начин да се ослободи од него. Холанѓанецот има богата понуда од Саудиска Арабија и нема да биде изненадување ако остане и по завршувањето на Суперкупот на дополнителни преговори и, евентуално, преселба во друг клуб.
Де Јонг пропушти добар дел од оваа сезона поради повреда, но и по враќањето не успева да се избори за место во почетната постава. Предност во средниот ред имаат Педри, Касадо, Гави, Олмо и Фермин Лопез, а и кога играше, Де Јонг не покажа дека е во форма која му е потребна за да претставува клуб како Барселона.