Шкупи се засили со турски голман
Нов чувар на мрежата на чаирчани е 28-годишниот голман Јавус Ајгун кој пристигнува од редовите на Коњаспор.
Во прашање е голман кој бранел за повеќе турски клубови, а дебито во турската Суперлига го имал во Трабзонспор во 2016 година каде и што ја започнал кариерата.
Со Шкупи Ајгун стави потпис на договор од две години.