Партизан немоќен, еворопскиот шампион покажа моќ на домашен терен
Избраниците на Жељко Обрадовиќ вечерва не беа на потребното ниво и на расположениот домаќин му парираа само во почетните минути. По водството од 13-11 кошаркарите на грчкиот тим ниту еднаш не ја испуштија предноста и на крајот заслужено славеа победа.
Уште по крајот на првата четвртина предноста на домашниот тим беше двоцифрена.
Таа предност „црно-белите“ не успеаа да ја намалат ниту во вториот период, па на одмор на семафорот стоеше 49-38.
Никако не успеваше белградскиот тим да наметне свое темпо, а во последниот период дозволи водството на домашниот тим да оди и до 23 поени разлика (94-71).
Во финишот веројатно дојде и до опуштање во редовите на Панатинаикос, па конечниот резултат гласеше 96-84.
На останатите три средби кои се играа денеска во Евролигата, Фенербахче беше подобар од Алба Берлин со 90-73, Барселона го совлада Монако на гости со 84-98, додека Олимпија Милано и без Ненад Димитријевиќ запиша убедлив триумф над Макаби со 74-107.