„Кралевите“ не дозволија изненадување: „Ел Класико“ во финалето од Суперкупот! (ВИДЕО)
Доминираа „кралевите“ во текот на целиот натпревар и победата лесно можеше да биде и поубедлива од три гола разлика.
Во првото полувреме и покрај шансите на избраниците на Карло Анчелоти на пауза се замина со почетниот резултат. Конечно „мразот го скрши“ Џуд Белингем во 63 минута и донесе предност за својот тим.
Продолжи Реал да напаѓа и по водството, а уште едва гола „кралевите“ постигнаа во судиското продолжЕение. Прво Валиент си ја погоди сопствената мрежа, а потоа Родриго ги постави конечните 3-0.
Колку доминираше Реал Мадрид на оваа средба најдобро покажуваат 29-те удари кои ги имаа упатено кон противничкиот гол, додека Мајорка не упати ниту еден во рамките од голот.
Финалето во Суперкупот помеѓу Реал и Барселона е закажано за 12 јануари.