Луда завршница: Јута се подготвуваше за продолжение кога Јанг погоди од својата половина (ВИДЕО)

Атланта Хоукс ја победи Јута со 124-121 во една од најлудите завршници во НБА лигата оваа сезона.

На помалку од три секунди пред крајот, тимот од Солт Лејк Сити кој беше во улога на домаќин на овој меч, погоди тројка за израмнување преку Секстон и веќе се подготвуваше за дополнителни пет минути. Сепак, место продолжение, Јанг ги зеде работите во свои раце и го направи финишот уште повеличествен.

Атланта немаше повеќе тајм аути, па не остана ништо друго, освен да изведе од под својот кош, топката очекувано отиде кај Јанг кој направи два дриблинга и шутираше од својата половина, а топката помина низ обрачот за шок кај домашните навивачи. Американците пресметаа дека ова е седма најголема оддалеченост во историјата на НБА од која е постигнат кош за победа.