Нов тренер на клупата на „фенерџијата“: Турски стручњак ќе ја спасува Воска

Последнопласираниот тим во Првата македонска фудбалска лига Воска во „пролетниот“ дел од сезоната ќе биде со нов шеф на стручниот штаб.

На клупата на охридскиот тим седнува 63-годишниот Турчин, Сафет Ишлер кој ќе го замени досегашниот тренер Сеит Крека. Првата средба со фудбалерите Ишлер ќе ја има на 8 јануари кога официјално почнуваат подготовките на Воска за втората полуетапа.

Во меѓувреме, Воска донесе три засилувања за продолжението од сезоната: словенечкиот интернационалец Филип Валенчич и Финците, Туре Сира и Оива Лаксонен.