Ништо не функционира во Барса - кошаркарскиот тим е на чекор од историски дебакл
Фудбалскиот тим се мачи со финансиски проблеми и не може да ги регистрира Дани Олмо и Пау Виктор, но уште полошо котира кошаркарскиот колектив кој е на можеби најниски гранки во својата историја. Во Евролигата е надвор од плејоф зоната, а не е исклучено наскоро да доживее историски дебакл во шпанската кошарка.
Амбициите на Барса да се пласира во Копа дел Реј доживеаја нов тежок удар откако синоќа загуби во каталонското дерби со Жирона со 90-91. Жирона е последнопласирана на табелата во АЦБ лигата, но сепак успеа на Барса да ѝ го нанесе третиот пораз во низа и четврти во последните пет меча во шпанското првенство. Тимот се наоѓа на деветтото место на табелата,, а пласман во Копа дел Реј обезбедуваат првопласираните осум по завршувањето на првиот дел од сезоната до кое има уште две кола.
Во последните две кола, Барселона мора да оствари исто толку победи за да може да се надева на пласман на завршниот турнир од Купот. Акол не успее во тоа, ќе го пропушти Копа дел Реј што не се случило во последните 60 години, односно по 1965 кога на турнирот учествувале само четири екипи.