Лопетеги пред отказ, Вест Хем веќе го најде неговиот наследник

Шпанскиот стручњак Жулен Лопетеги се наоѓа пред уште еден отказ во својата кариера и прашање е дали ќе преживее до следното коло како менаџер на Вест Хем.

„Чеканите“ под негово водство се наоѓаат на 14. место во Премиер лигата со 23 бода, а со оглед на тоа што претстојниот натпревар во рамките на првенството е на 14 јануари, не е исклучено тогаш на клупата да биде друг менаџер. Англиските медиуми тврдат дека прв фаворит е Грем Потер кој е без ангажман откако во 2023 година доби отказ од Челси.

Лопетеги го презеде Вест Хем пред почетокот на оваа сезона, но не успеа да донесе ништо ново во тимот. Претходно во кариерата добиваше откази од Реал Мадрид, Севиља и Вулверхемптон, па најверојатно слична судбина ќе доживее и сега.