Легендарен Ирец неочекувано седна на клупата на Ференцварош!

Најдобриот стрелец и фудбалер со најмногу настапи во историјата на ирската репрезентација, Роби Кин, денеска беше назначен за нов тренер на унгарскиот клуб Ференцварош.

Тој беше избран од управата на клубот во конкуренција со Ненад Бјелица, доскорешниот „шеф“ на Адеми и Ристовски во Динамо Загреб, кој исто така беше во игра за функцијата. Ирскиот стратег пристигнува на местото на Паскал Јансен, кој замина да го предводи Њујорк Сити.

Кин како тренер досега ги водеше индискиот АТК и израелскиот Макаби Тел Авив, додека Ференцварош ќе биде негов трет клуб во кариерата.