Овен ги „искара“ навивачите на Сити: Кога најмногу му се потребни на тимот, тие исвиркуваат

Поранешниот англиски репрезентативец Мајкл Овен остро ги искритикува навивачите на Манчестер Сити за нивното однесување на денешниот натпревар против Евертон.

Шампионот на Англија одигра нерешено (1-1) против Евертон, а фудбалерите потоа беа исвиркани од домашните фанови кои се незадоволни од кризата која веќе предолго трае.

„Навивачите на Сити ја исвиркаа својата екипа на крајот на натпреварот. Години и години неверојатен успех кој сведочи за можеби најдобриот фудбал кој светот го видел некогаш. И кога најмногу му се потребни на тимот, тие исвиркуваат“, рече Овен.

Во претходните осум години Сити освои шест шампионски титули во Премиер лигата, но оваа сезона не само што е далеку од такво нешто,  туку прашање е дали ќе обезбеди пласман во Лигата на шампионите.