Лапорта најде начин како да го задржи Олмо во Барселона

Барселона со години има финансиски проблеми, па поради тоа не можеше да го регистрира Дани Олмо за вториот дел од сезоната, меѓутоа претседателот Жоан Лапорта дава сè од себе за да најде решение.

Олмо настапи на 15 натпревари во Ла Лига оваа сезона, но можеше да го напушти тимот зимава доколку не се најдеше решение за регистација, но Лапорта нема да дозволи такво нешто.

Лапорта и управата планираат да ја изнајмат ВИП-ложата на новиот стадион на клубот на подолг период и се очекува да заработат 120 милиони евра.

Оваа сума на пари треба да ги намали главоболките на Лапорта и раководството на одреден период, а притоа ќе им даде можност да го регистрираат Олмо.