Кога сонот ќе стане реалност: Ѕвездите на Ливерпул израдуваа шестгодишно детенце (ВИДЕО)
Во прашање е Исак Кирни, шестогодишно детенце кое има ретка генетска болест „Волф-Хиршохорн синдром“.
Исак е голем фанатик на Ливерпул, а на социјалните мрежи стана хит со пеењето на навивачката песна за „црвените“. Таквото видео стигна и до клубот од каде што одлучија да го контактираат неговото семејство.
Се започна во неговото училиште каде што се појавија Вирџил Ван Дајк и Мохамед Салах и го повикаа Исак да дојде со нив во тренинг центарот. Тука Исак имаше можност да се запознае со своите миленици, а го проследи и тренингот.
Исто така Ван Дајк го покани момчето да излезе со него на теренот во натпреварот против Ливерпул кој се играше на 1 декември. Сето тоа сега Ливерпул го собра во едно видео и го објави на своите официјални канали