Англичаните пресметаа: Еве како би изгледала табелата во Премиер лигата без ВАР (ФОТО)
Платформата „Squawka“ сега креираше табела во Премиер лигата без одлуките на ВАР системот.
Резултатите покажуваат дека Ливерпул и понатаму би бил прв, но предноста во однос на Челси на „црвените“ би била помала за три бода. Бормут би направил скок до четвртото место со четири бода повеќе од сега, додека Манчестер сити би изгубил два бода и би паднал на деветтото место.
Најголеми добитници би биле Вулверехмптон и Бормут со по четири бода повеќе, од друга страна Вест Хем би бил најпогоден губејќи шест бода со што би паднал на 17 место.