Бове седна на клупата на Фиорентина првпат откако преживеа срцев удар (ВИДЕО)

Големи емоции на мечот меѓу Фиорентина и Удинезе, Едоардо Бове се врати на местото каде што пред 22 дена доби срцев удар.

Бове доби срцев удар на мечот меѓу Фиорентина и Интер и благодарение на брзата интервенција на медицинските служби неговиот живот беше спасен.

Во меѓувреме му беше вграден дефибрилатор, што значи дека нема да може да игра веќе во Серија А.

Тој денеска беше меѓу своите соиграчи од Фиорентина и седеше на клупата, а дури и за тоа требаше да добие посебна дозвола.