Пандев поднесе оставка во Брера!

Македонската фудбалска легенда Горан Пандев беше поставен за спортски директор на сите македонски фудбалски репрезентации, по што даде оставка од претседателската функција во прволигашот Брера Струмица.

По именувањето на новата позиција, Пандев се повлекува од Брера за да нема судир на интереси поради неспоивоста на двете функции.

„Отсекогаш сум зборувал и залагал за развој на македонскиот фудбал и дека треба сериозно да се посветиме за прогрес на клупскиот и репрезентативен фудбал. Верувам дека новото раководство ќе го даде тој инпут на кој ќе бидеме горди сите ние како нација. Репрезентациите треба да бидат наша светост и треба да ги градиме во конутинитет. Имаме потенцијал само треба професионален пристап“, кажа Пандев

Брера упати честитки до Пандев по изборот за директор на македонските фудбалски репрезентации како и до Масар Омерагиќ за изборот за претседател на ФФМ

„Им посакуваме успешна и плодна работа во наредиониот период. Се надеваме дека доаѓаат посветли денови за мак фудбалот на кој ќе бидеме горди и ние како фудбалски клубови“, соопштија од Брера.

Брера го заврши првиот дел од сезоната на осмата позиција со 19 освоени бодови по 18 одиграни кола во Првата лига.