Фернандеш плачел како мало дете зашто останал без трансфер во Лондон
Фернандеш бил блиску до потпис со Тотнем, но трансферот не се реализирал, по што Португалецот почнал да плаче во канцеларијата на претседателот на Спортинг Лисабон.
Англиските медиуми пишуваат дека Фернандеш имал голема желба да игра во Премиерлигата и не можел да се помири со фактот дека останал без можност за настап во најсилната лига во светот.
Половина година подоцна, на Фернандеш му се оствари сонот, односно стави потпис на договор со Манчестер јунајтед.