Валенсија планира да ангажира своја легенда на кормилото!?

Валенсија денеска го отпушти Рубен Бараха по лошите резултати во Ла Лига, а како негов наследник се споменува Кике Санчез Флорес.

Санчез веќе еднаш беше контактиран од „лилјаците“ пред неколку денови, но тогаш даде негативен одговор на понудата, сепак Валенсија не се откажува од неговите услуги.

Тимот на Столе Димитриевски планира во следните денови да испрати нова понуда до Санчез со која смета дека ќе го убеди да седне на кормилото.

Санчез играше за шпанската екипа од 1984 до 1994 година, а потоа го носеше дресот на Реал Мадрид и Сарагоса пред да стане тренер и да работи во неколку екипи.