Кривична пријава за Србинот кој нокаутира соиграч во РК Загреб!
Како што извести полициската управа на Загреб, инцидентот не бил пријавен веднаш, а со истрага било утврдено дека Кос по вербална пресметка го нападнал 20-годишниот соиграч и му нанел тешки повреди.
Кос бил толку бесен, при што морале да интервенираат и останатите присутни соиграчи во соблекувалната за да спречат уште поголем хаос.
Хрватските медиуми претходно објавија дека Загреб го суспендирал Кос и неговиот соиграч Звонимир Срна поради физички инцидент во соблекувалната, кој го предизвикал Кос по поразот од Нант во Лигата на шампиони.
Кос наводно го нокаутирал голманот Мандиќ, зашто му кажал дека не се труди доволно на теренот.